Две тешки сообраќајни несреќи во Скопје: повредени малолетничка и пешак

Министерството за внатрешни работи информира за две одделни сообраќајни незгоди што се случиле на 28 март 2026 година на подрачјето на Скопје, во кои се повредени малолетничка и повозрасна жена.

Првата незгода била пријавена околу 12:30 часот, на крстосницата меѓу улиците „Зеф Љуш Марку“ и „Фан Ноли“, каде што патничко возило „опел астра“ со штипски регистарски ознаки, управувано од П.И. (55) од Штип, удрило во детски тротинет управуван од малолетничка од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила нејзината малолетна сопатничка, која се превезувала на тротинетот. Повредите биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Втората незгода се случила околу 09:15 часот на крстосница од сервисна улица и булеварот „Јане Сандански“, каде што патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Н.К. (68) од Скопје, удрило во 75-годишната Р.Т. од Скопје. Во несреќата, пешачката се здобила со тешки телесни повреди, исто така констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Увид на двете места на настаните извршиле екипи од СВР Скопје.

Извор: skopje1.mk 

Back to top button
Close