Две тинејџерки се повредени откако со „сеат“ излетале од патот Скопје-Тетово

Осумнаесетгодишна девојка е тешко повредена откако возило излетало од патот Скопје-Тетово.

Несреќата се случила вчера околу 17 часот на надвозникот кај село Глумово а возилото кое излетало било од марката „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки управувано од 19-годишната Е.А. од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката И.Ш.(18) од с.Ласкарци, скопско, а со телесни повреди се здобила Е.А., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје

Back to top button
Close