Две учеснички на ЕМОФ се повредиле при финишот на велосипедската трка во Куманово

Две учеснички на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ), едната од Полска, а другата од Норвешка, се повредиле при пристигнување на целта при одржување на велосипедската трка во Куманово, инфрмираат од Секторот за внатрешни работи (СВР) Куманово.

Двете се здобиле со полесни телесни повреди, констатирани во кумановската болница.

„Вчера е пријавено дека за време на одржување на велосипедска трка, при пристигнување на целта паднале и се повредиле една малолетничка од Полска и С.М. (21) од Норвешка, и двете учеснички на Младинските европски олимписки игри што с еодржуваат во нашата земја“се вели во соопштението од кумановската полиција.

Според докторите од болницата во Куманово, девојчињата имале гребнатини на различни делови од телото.Откако им е прижена медицинска помош, двете се преземени од организаторите.

„Тие се прегледани, опсервирани и им се направени дополнитеелни иследувања и снимања. Се работи за лесни повреди“,соопштија од болницата.

Пред два дена се случи инцидент кога кумановец удри двајца малолетни велосипедисти од Исланд – учесници на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ).

Несреќата се случила завчера околу пладне на регионалниот пат Куманово – Свети Николе каде велосипедистите се подготвувале за претстојната велосипедска трка.

И двајцата поминале со полесни телесни повреди.

Од ЕМОФ денеска упатија апел до сите учеесници и тимови строго да се придржуваат до зададените правила, одобрени патеки и опрееедеелени термини за тренинг, како и навремено да ја информираат организацијата за секоја планирана активност надвор од официјалната програма.

Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) Скопје 2025 свечено беше отворен во неделата со дефиле на 50 делегации во Спортскиот центар „Јане Сандански“.

Back to top button
Close