Две возила изгореа во одделни пожари, во Чаир и во Батинци, цело семејство заврши во болница поради вдишување чад

Во текот на ноќта избиле два одделни пожара – едниот на паркинг во кругот на болницата во Чаир, каде изгорело „ауди“, а другиот во Батинци, каде се запалило „бмв“ кое зафатило и дел од куќа, при што четиричлено семејство заврши во болница поради вдишување чад.

Денеска (25.8.2025) во 02:42 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Коста Абрашевиќ“, на паркинг простор во кругот на ЈЗУ Специјална болница по гинекологија и акушерство Чаир во Скопје настанал пожар во патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.П.(37) од Скопје. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од граѓани кои се затекнале на местото. Увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.

 

 

Денеска (25.8.2025) во 03:58 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Батинци, скопско, настанал пожар во патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.М.(37) од с.Батинци, кое било паркирано во гаража во куќа. Од пожарот бил зафатен и еден кат од куќата, а поради вдишување чад А.М., неговата сопруга Љ.М. и нивните две малолетни деца биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, се вели во соопштенијата од МВР

Фото: Илустрација

Back to top button
Close