Две жени натепале 55-годишник во автобус
На 03.08.2022 во 19.40 часот во Полициското одделение Сарај, З.О.(58) од с.Семениште, вработен како возач на автобус, пријавил дека во автобусот кој го управувал бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.Б.(23) од Тетово, А.Х.(25) од с.Д.Свиларе, и двете женски лица и И.Л.(55) од с.Ласкарци, информираат од МВР.
Оттаму додаваат дека се работи на расчистување на случајот