Две жени пренесени на Токсикологија, откако вдишале чад од зграда во близина на Универзална
Две лица се повредени откако денеска избувна пожар во Универзалната сала во Скопје, која се реконструира.
Во пожарот, кој сега е локализиран, изгоре новата купола на салата, која беше поставена пред само десетина дена. Две жени се однесени со Брза помош на Клиниката за токсикологија поради вдишување чад, објави Сакам да кажам.
Тие не настрадале во салата, туку се жителки на соседната зграда, на која што пукнале прозорци, по што внатре влегол чад