Двегодишно дете почина на Детската клиника, позитивно на ковид со повеќе коморбидитети

Двегодишно дете од Битола починало вечерва на Детскта клиника во Скопје со ковид 19, дознава Слободен печат од свои болнички извори. Смртта настапила во Ургентниот центар на Клиниката, а детето било примено во 7 часот изутринава како итен случај од Битола. Според директорката на Клиниката, доктор Стојка Нацева Фуштиќ ковид не е причина за лошиот исход, иако брзиот тест за ковид бил позитивен кај детето а негативен кај мајката.

Детето нема медицинска историја кај нас бидејќи фамилијата живее во Германија. Од податоците што ги добивме има сериозни претходно дијагностицирани состојби, белодробна хипертонија, трахеомалација, оперирана срцева маана ВСД, заостаток во моторниот развој. Ковид сигурно не е причина за лошиот исход. Брзиот тест за ковид бил позитивен кај детето а негативен кај мајката, изјави доктор Фуштиќ за Слободен печат.

Според информации на ппрталот од други вработени во клиниката, детето имало исклучително тешко дишење на прием.

Извор: Слободен Печат

 

Back to top button
Close