Движење Антикоцкање: Нападнат наш член поради нашите активностите

– Претставници на Движењето Антикоцкање на прес-конференција информираа дека нивен член бил физички нападнат поради, како што тврдат, активностите кои ги презема нивната граѓанска организација. Од Антикоцкање побараа институциите да реагираат соодветно.

– Вчера околу 17:30 часот, членот на Движењето Антикоцкање со иницијали З.А бил физички нападнат под изговор дека е ангажиран во битката за затворање на казината и обложувалниците. Нападот го извршил лице со иницијали М.М, работи во казино Адмирал. Ние од Движењето Антикоцкање остро реагираме за сторениот злосторнички чин на оваа личност и бараме да се преземе акција и сметам дека ова е напад на Движењето Антикоцкање.  Додека ние како Движењето Антикоцкање бараме институционално да се донесе законот за игри на среќа исто така одлучно бараме од органите на редот, од судството, лицето за кое станува збор да ја добие заслужената казна. Никој друг да не помисли дека може да преземат било каков чин макар и вербални испади према Движењето Антикоцкање, истакна Џемал Абдиу, претставник на Движењето Антикоцкање.

Случајот е пријавен и во СВР Тетово. Од таму потврдија дека З.А од Пршовце го пријавил инцидентот кој се случил на улицата „Илинденска“.

– Пријавителот посочил дека лицето со иницјали М.М на разминување по кратка вербална расправија му удрил тупаница по што паднал, а напаѓачот заминал.  Почната е истрага за утврдување на деталите од пријавениот случај, соопшти СВР Тетово

Back to top button
Close