Двојно поголеми стипендии за новите студенти и ученици


Евгенија Јанакиеска, МОН / Утрински брифинг

Конкурсите за стипендии на студенти и ученици од средно образование завршија на 15 септември, но конкурсот за паралелки во стручно образование трае до 30 септември и останати се уште 900 стипендии, вели Евгенија Јанакиеска, службеник за млади во МОН.

Стпендиите од 3300 денари ќе бидат зголемени до 6050 денари на месечно ниво. Се однесува на стипендии доделени од годинава, а на претходните корисници исплатата ќе се врши според веќе потпишаните договори. Стипендиите за студентите по физика, хемија и математика изнесуваат 18.000 денари.

Back to top button
Close