Двокатен автобус со српски туристи излета од автопат во Бугарија

Двокатен автобус со 84 патници рано утрово излетал од автопатот „Тракија“ во Бугарија, објави Н1.

Во инцидентот нема повредени. Несреќата се случила околу пет часот утрово, во правец кон Софија.

Автобусот, од засега неутврдени причини, ја пробил заштитната ограда и излетал во поле покрај патот, соопштиле од бугарската полиција за Н1.

„Автобусот ја пробил заштитната ограда и излетал во нива покрај патот, но останал на тркалата и не се превртел“, навеле од полицијата.

Сите патници безбедно го напуштиле возилото, по што со автобуси биле превезени до блиската бензинска станица, каде што чекале да им биде организиран понатамошен превоз.

Медиумите пренесуваат дека во автобусот имало поголем број српски државјани, главно млади луѓе, кои се враќале од летување во Кушадаси, Турција.

Back to top button
Close