ДЗР и забележува на Владата за скапите набавки на возила на лизинг: Треба да се обезбеди конкуренција меѓу економските оператори
Државниот завод за ревизија изврши ревизија за работењето на Службата за општи и заеднички работи на Владата за 2024 година. Една од забелешките се однесува на набавката на службени возила.

Во однос на воспоставената пракса СОЗР да обезбедува службени возила од висока класа за повеќе институции по пат на лизинг, ревизорот укажува дека недостасуваат процедури или упатства со кои ќе се уреди планирањето на потребата од набавка на возила.
-Не се обезбедени информации од институциите дали во меѓувреме се сменила потребата за натамошно обезбедување со возило по пат на лизинг, односно дали за набавката постои реална потреба. Нема пракса да се врши детална и сеопфатна анализа на економската оправданост од лизингот, односно да се земат во предвид сите трошоци во однос на користа која произлегува од истиот или анализа на трошоците и бенефитите. Постои потреба од уредување на постапката за подготовка на техничка спецификација со цел обезбедување конкуренција меѓу економските оператори од причина што во последните три постапки за јавна набавка учествува само еден понудувач. Со договорите за лизинг се обезбедуваат 45 возила за што секоја година се одлева висок износ на средства од буџетот на државата, пишува во извештајот.






