ДЗС: Отстранети гранати од минатите војни во атарот на село Мегленци во Новаци – предел што бил зафатен од пожар

– Пиротехничар на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) од атар на село Мегленци во општина Новаци безбедно отстранил две артилериски гранати од 75 mm и 155 mm од Прва светска војна, од предел што бил зафатен од мариовскиот пожар пред неколку денови, информира денеска ДЗС.
– Неексплодираните убојни средства (НУС), гранатите, биле извадени од место што претходно било опфатено со пожар при што не експлодирале од огнот. Таквите гранати и други убојни средства се опасност плус за сите кои се наоѓаат во регион каде што ги има, а тој е зафатен од пожар – се вели во информацијата од ДЗС.
Гранатите биле откриени од припадници на Територијалната противпожарна единица Битола.






