ДЗС: Се уште има чадење од Дрисла, но во помал обем, дивата депонија Вардариште е целосно изгасната

Во текот на вчерашниот ден е затрупан дел од просторот на депонијата Дрисла од кој имаше чадење. Денеска затрупувањето продолжува со засилено темпо бидејки вчера беа извршени неколку логистички зафати кои овозможуваат полесен и побрз пристап до критичната точка, информира утрово директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.

Чадењето од депонијата Дрисла е се уште присутно, но во многу помал обем, и, според Ангелов, не е причина за утринската магла во Скопје. Дивата депонија Вардариште, пак, е целосно изгасната и од неа нема никакво чадење.

Во врска со полемиките дали воздухот е дополнително загаден од депонијата Дрисла, од ДЗС упатуваат да се побара официјална информација од надлежното Министерство за животна средина и просторно планирање каде постои Одделение за мониторинг на квалитет на воздух.

Back to top button
Close