ДЗС: Ставен под контрола пожарот над Морани, општина Студеничани
Ставен е под контрола пожарот, што избувна вечерва над скопското село Морани, во општина Студеничани.
Како што информира Дирекција за заштита и спасување (ДЗС), пожарот се очекува набрзо да биде изгаснат.
– Упатени се екипи и противпожарните „пинцгауери“. Овие пожари генерално ги предизвикуваат дрвокрадци, изјави директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.