ДЗС: Зафатени се објекти на Ф-Групација во Трубарево, пожарот го гаси и ер-трактор

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека за гасење на пожарот во скопско Трубарево интервенира и специјален авион ер-трактор.

Стојанче Ангелов, директор на ДЗС, соопшти дека со пожарот не се зафатени објекти на фирмата „Нула отпад“, како што претходно информираше, туку се зафатени објекти на „Ф-Групација“, која се занимава со елекетронски отпад.

-Исправка: пожарот ги зафати објектите на „Ф – Групација“ која се занимава со електронски отпад. Фирмата „Нула отпад“ нема објекти овде и нејзини објекти не се зафатени со пожар, соопшти Ангелов.

Претходно Звонко Томевски, командир на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје, за МИА потврди дека се работи за голем пожар со кој се зафатени отпадни материи и оти го гасат повеќе екипи.

Back to top button
Close