Еј-Би-Си: ФБИ предупредува за можен ирански план за напад на Калифорнија со дронови


Американската федерална полиција (ФБИ) ги предупреди властите во Калифорнија дека Иран би можел да користи дронови за напад на западниот брег на САД, објави телевизијата ABC News.
„Неодамна добивме информации дека Иран на почетокот на февруари размислувале да извршат ненадеен напад со дронови од неидентификуван брод покрај брегот на САД врз локации во Калифорнија доколку САД го нападнат Иран“, се вели во документот на ФБИ од крајот на февруари.
Портпаролката на канцеларијата на ФБИ во Лос Анџелес одби да одговори на прашања во врска со тоа, а Белата куќа не одговори на барањето за коментар, објави телевизијата.
Во септември 2025 година, ФБИ, исто така, предупреди на опасноста за САД од дроновите на мексикански картели.

Back to top button
Close