Ќе биде ли „мрсната“ каса на ФЗО компензација за Перински што извиси за градоначалник на Скопје во „битката “ со Георгиевски

 

Златко Перински најверојатно ќе биде новиот директор на Фонд за здравство, неофицијално дознава Фокус.

Тој би дошол на местото на досегашниот директор Сашо Клековски, кој е во игра да  биде новиот министер за здравство.

Перински по победата на Данела Арсовска кандидирана од ВМРО ДПМНЕ за градоначалник на Скопје ја доби директорската позиција на Скопски Водовод но по кавгата на неговата партја со градоначалничката Арсовска околу кредитот за пречиститетлната станица и обвинувањата од Аровска дека Перински не и дава извештај што е со парите од кредитот и јавно обвинувања дека „го бркнал рашето во медот“ беше разрешен од директорската функција и започна „војнат“ на ВМРО ДПМНЕ со анела Арсовска и јавно оградување од партијата од градоначалничката која беше нивен кандидат.

Перински како близок и лојален сопартиец на Мицковски беше вдомен во министерската позиција за екологија а тој пред локалните избори јавно кажа дека е заинтересиран за фотељата прв човек на Скопје. Мицковски сепак одлучи да ги слуша анкетите и Орце Георгиевски а го кандидира и стане новиот градоначалник на Скопје.

За да го „утеши“ Мицковски го стави Перински за прв човек на Скопските вмровци и сега со реконструкцијата најверојатно со богатата каса на ФЗО компензира што Перински извиси од кандидатура за градоначалник на Скопје.

Back to top button
Close