Ќе биде ли таткото на Ѓоковиќ депортиран поради поддршка на Русија – се огласи австралискиот премиер

Австралискиот премиер Ентони Албанес утринава ја повтори силната поддршка на Австралија за Украина и ги критикуваше поддржувачите на руската инвазија, откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како таткото на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, на Австралија опен позира со навивачите кои носеа руски и симболот „З“ кој ја претставува руската инвазија на Украина.

Како што јави Ројтерс, полицијата испрашувала четворица навивачи кои носеле „несоодветни знамиња и симболи“ по натпреварот меѓу Русинот Андреј Рубљев и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

„Австралискиот народ стои со украинскиот народ. Ова е ставот на Австралија која недвосмислено го поддржува меѓународното право“рече Албанезе на прес-конференцијата откако новинар го праша дали Срѓан Ѓоковиќ, таткото на славниот тенисер, треба да биде депортиран од Австралија по инцидентот.

Не сакаме да видиме каква било поддршка за руската инвазија на Украина која има разурнувачки ефект врз украинскиот народ, додаде Албанес, избегнувајќи конкретен одговор на прашањето за таткото на Ѓоковиќ.

Срѓан Ѓоковиќ, по критиките, објави дека нема да присуствува на денешниот полуфинален натпревар на Австралија опен во Мелбурн, кој неговиот син Новак Ѓоковиќ го игра против Американецот Томи Пол.

„Тука сум само за да го поддржам мојот син. Немав намера да предизвикувам такви наслови и немири. Бев надвор со навивачите на Новак, како и после секој натпревар кога ги славам неговите победи и се фотографирав со нив. Не ми беше намерата да се вклучам во сето ова. Моето семејство помина низ ужасот на војната и сите ние само сакаме мир. Ќе го гледам натпреварот од дома“изјави таткото на Новак Ѓоковиќ

Back to top button
Close