Ќе биде отворена сметка за донации за Кочани, денеска ќе се знае како помошта ќе биде канализирана

Ќе биде отворена сметка за донации по трагичната несреќа во Кочани. По денешниот состанок во Владата, како што изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, ќе се знае како таа помош ќе биде канализирана.

По посетата на пациентите што се хоспитализирани на Клиничкиот центар во Скопје, премиерот изрази благодарност до сите држави кои понудија помош.

– Борбата ќе продолжи во деновите што следат. Министерот напомена сите оние кои биле во и околу објектот на овој ужасен настан да се пријават на доктор и да побараат медицинска помош затоа што може да има ефекти после неколку дена. Се прават натчовечки напрои за да бидат сите пациенти стабилни и да си одат дома во полна здравствена кондиција и состојба. Како Влада остануваме фокусирани, рече Мицкоски.

Владата, како што најави, денеска ќе одржи два состанока, еден во 14 часот и еден во 17 часот.

 

Back to top button
Close