Ќе добие ли Шилегов друг ривал од ВМРО-ДПМНЕ во новата трка за Скопје?

Мицкоски, на денешниот брифинг, рече дека се „тестираат“ близу 40 потенцијални кандидати за скопски градоначалник, а конечниот избор ќе биде соопштен кон крајот на летото или во септември

За разлика од СДСМ, каде што станува се поизвесно дека актуелниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов во октомври ќе се натпреварува за нов мандат, во ВМРО-ДПМНЕ, според партискиот лидер Христијан Мицкоски, во тек се анкети од кои ќе се процени кои би биле фаворитите на опозицијата за главниот град на претстојните локални избори.

Back to top button
Close