Ќе добие ли Тошковски нагон за апсење, праша Мојсоска со маица со палестинското знаме
Јас се надевам дека министерот за внатрешни работи нема да добие нагон за апсење од палестинското знаме, рече пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, која на собраниската говорница излезе со маица на која е отпечатено палестинското знаме, а под него на англиски јазик е испишано „Палестина ќе биде слободна“. Ова се случи на денешната собраниска седница на која на дневен ред беше интерпелацијата за министерот Панче Тошковски поднесена токму од пратениците од Левица, пренесе 360Степени.

Мојсоска ова го поврза со приведувањето на претседателот на младинското движење на политичката партија Левица, „Црвена младина“, Андреј Куцуловски.
„Во Македонија додека криминалците се пречекуваат на граница како господа, вмровската полиција очигледно тренира строгост врз млади деца кои се солидаризираат со народ врз кој активно се врши геноцид и со народ врз кој се вршат најголемите воени злосторства во поновата историја“рече Мојсоска.
Таа додаде дека не очекува ниту свест ниту совест за она што се случува во Газа „од партии и политичари кои во 35 години извршија масовен егзодус со иселување на сопствениот народ“.
„Можеби треба да ставиме палестинско знаме на дивоградбите во Чаир од вашиот коалициски партнер или на дивоградбата на Мијалков во Охрид, па тогаш ќе почнете да апсите вистински криминалци онака како што апсите млади деца“кажа таа.
На говорот на Мојсоска со контрареплика се јави министерот Панче Тошковски, кој рече дека земајќи ја предвид почитта што ја има кон жените „ќе се обидам да бидам најблаг спрема вас и да кажам дека она што го говоревте е тотална невистина“.
Тој даде објаснување зошто бил уапсен претседателот на „Црвена младина“. Тошковски рече дека тој не бил уапсен затоа што веел некакво знаме, туку затоа што на деца од 14 и 16 години што играле фудбалски натпревар им се обраќал со зборот „убијци“.
„Што требало да направи полицијата. Фризурата да му ја направи или да го отстрани од стадионот на кој присуствувал“праша Тошковски во контрарепликата до Мојсоск повикувајќи ја следниот пат кога ќе излезе на говорница со знаме, тоа да биде македонското






