Ќе дува ветер со над 80 километри

За попладне се најавува нестабилно време со пороен дожд и грмежи особено во крајните западни и источни делови од државата. Ќе дува и умерен до силен југозападен ветер кој наместа ќе достигне брзина и над 80 километри на час.

Кон крајот на денот на планините, врнежите ќе преминат во снег. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20 степени.

Во Скопје слично време со повремен локален дожд и засилен југозападен ветер.

Облачното време со врнежи од дожд ќе се задржи и во следните денови. За утре, синоптичарите најавуваат умерен, на места засилен ветер од југозападен правец. Во среда ќе има преодно стабилизирање на времето, а температурите ќе бидат во пораст.

Back to top button
Close