ЌЕ ИМА УЧЕБНИЦИ ОД СЕПТЕМВРИ Министерката Јаневска најави дека ќе има скоро сѐ
Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека ќе има учебници за учениците во новата учебна година која започнува во септември.
Да, ќе има за основно и за средно во најголем дел ќе ги имаат учебниците – изјави Јаневска која беше на поставување камен темелник на основно училиште во Драчево.
Таму присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски, кој рече дека тој и министерката за финансии работат на ребалансот на Буџетот и оти Владата ќе направи се за да се обезбедат учебници за новата школска година.