„Ќе има заразување со Ковид-19 на училиште, но ние ќе управуваме со нив“, уверува претседателот на францускиот научен совет

– Жан-Франсоа Дафраиси, претседателот на францускиот научен совет за раководење со епидемијата со Ковид-19, се залага за бесплатна дистрибуција на маски во училиштата, за разлика од министерот за национално образование кој сака да ги резервира само за семејствата со големи тешкотии, јави дописникот на МИА.

На почетокот на учебната година „ќе има заразување во училиштата, децата ќе бидат заразени, веројатно и некои наставници, но и ние ќе управуваме со тоа“, увери во интервјуто за Франсинфо Жан-Франсоа Дафраиси, претседател на Научниот совет.

Сепак, „фундаментално е што училиштата ќе почнат да работат“, тој е на мислење дека „образованието од далечина ја заврши работата, но делумно“.

– Не можеме да дозволиме оваа генерација на деца да не се вратат на училиште, училиштето има школска но и социјална улога, нагласи претседателот на францускиот научен совет

Со оглед на „стекнатото знаење за циркулацијата на вирусот кај децата, фактот дека децата се носители на вирусот, но во мали количини, и дека тешките форми кај децата се исклучителни, ризикот е релативно ограничен, процени тој.

– Пренесувањето во училиштата не е од деца до наставници или родители, туку од наставници или родители на деца, рече тој.

Сепак, ќе има „кластерски училишта, можеби кластерски одделенија. Во овој случај потребно е да се тестира при најмал сомнеж“.

– Можеме да го затвориме одделението или да го затвориме училиштето, но ќе мора да размислиме за тоа. Тоа зависи од опкружувањето околу училиштето воопшто“, продолжува Жан-Франсоа Дафраиси.

Сепак, „нема да ги тестираме наставниците секоја недела или на секои две недели. Покрај тоа, повторувањето на тестовите со земање брисови не е така лесно“, осврнувајќи се на предизвиканата непријатност, рече тој. За него, подобро е „да се задржи здравиот разум и да се тестира многу широко, при најмало сомневање“.

За разлика од министерот за национално образование, Жан-Мишел Бланаке, кој сакаше да резервира бесплатни маски за децата од семејства во големи тешкотии, Жан Франсоа Делфраиси рече дека е за бесплатна дистрибуција на маски во училиштата.

За потсетување, носењето маска во Франција ќе биде задолжително за сите деца над 11 години, според Националниот протокол за здравствено образование објавен на крајот на јули. Социјалното растојание нема да биде „задолжително кога не е физички можно или кога не дозволува сите ученици да бидат сместени“. Од друга страна, установите ќе мора да ограничат „големи групи и големи собири“ но „ограничувањето на мешање помеѓу одделенијата и групи ученици повеќе не е задолжително“.

Back to top button
Close