Ќе купуваме ли поскап гас од САД: Што предвидува Рамковниот договор за трговија со САД

САД ќе ги одржат на 15 проценти реципрочните тарифи, а ќе идентификуваат производи за да добијат реципрочна царинска стапка од нула проценти.

Соединетите Американски Држави Република Северна Македонија постигнаа Рамковен договор за реципрочна, фер и балансирана трговија за зајакнување билатерални економски односи, што ќе им обезбеди на извозниците на двете земји проширен пристап до пазарите на другите, објави синоќа Белата куќа.

Северна Македонија ќе ги укине царинските давачки за сите американски индустриски и земјоделски стоки извезени во Северна Македонија.

САД ќе ги одржат на 15 проценти реципрочните тарифи, како што е наведено во Извршната наредба 14257 од 2 април 2005 година, како што е изменета, за стоки со потекло од Северна Македонија, а исто така ќе ги идентификуваат производите од листата наведена во Анекс III на Извршната наредба 14346 од 5 септември 2025 година, Потенцијални прилагодувања на тарифите за усогласени партнери, како што е изменета, за да добијат реципрочна царинска стапка од нула проценти. Соединетите Американски Држави и Северна Македонија можат да разгледаат други модификации на тарифите по склучувањето на Договорот, земајќи ги предвид трговските биланси и други соодветни фактори.

 

Соединетите Американски Држави и Северна Македонија ќе работат на решавање на загриженоста на САД во врска со нетарифните бариери наметнати од Северна Македонија, кои влијаат на билатералната трговија во приоритетните области.

 

Во врска со можностите во енергетскиот сектор, Соединетите Американски Држави и Северна Македонија ја земаат предвид изградбата на важен нов гасен интерконектор помеѓу Северна Македонија и Грција, што ќе ѝ овозможи на Северна Македонија да ја подобри енергетската безбедност и да ги диверзифицира изворите на енергија, вклучително и преку купување на американски течен природен гас (LNG).

 

Северна Македонија ќе започне со купување на американски LNG по завршувањето на новиот гасен интерконектор, кој е поевтин за производство во САД, но поскап поради високите транспортни трошоци.

 

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски го постигнатиот договор меѓу САД и Македонија за реципрочна, фер и избалансирана трговија.

 

Во објава на Фејсбук, Муцунски го оценува договорот како важен и значаен исчекор во економската соработка со Соединетите Американски Држави, кој има големо значење за македонската економија и од кој конкретен бенефит ќе имаат македонските компании.

 

– Усогласивме заедничка изјава и рамка за Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, со што ја зајакнуваме билатералната економска соработка и отвораме поголем пристап до американскиот пазар за македонските компании.

Искрена благодарност до целиот тим од повеќе институции што макотрпно работеше на овој процес, како и тимот на македонската амбасада во Вашингтон, напиша Муцунски на својот фејсбук профил

Back to top button
Close