Ќè не биде, мора да нè биде – порача Мицкоски од централната прослава за Денот на независноста
Денот на независноста – 8 Септември не е само симболичен датум, туку момент на историска пресвртница за нашиот народ, кога се крена јарболот за независноста. Ова денеска од централната прослава во Македонската филхармонија под слоганот „Од сон до реалност, за вечност“, по повод 34 години од осaмостојувањето на државата го порача премиерот Христијан Мицкоски.

„8 Септември не е само датум и никако случајност, туку континуитет на жедта на еден од помалите народи во Европа и последица на многу битки на тој народ. Мора да се оддаде почит на мудроста со која располагаше таа генерација на македонски политичари од различни политички партии и различни етнички заедници кои учествуваа во прогласувањето на независноста. Ја имаме обврската да се поклониме пред оние што зборуваа за независноста и кои ја споделуваа надежта и копнежот за своја држава во време кога имаше и такви што говореа за федерации и химни на Југославија, кога на на секого му беше јасно дека таа држава се распаѓа“кажа тој.
Се осврна и на едно, како што рече, големо потфрлање што како држава го имаме три и пол децении постоење на независна македонска држава, а тоа е чувството на разочараност од системот.
Според него, сите мора да се однесуваат неселективно и да создадеме пример на колективна општествена одговорност за заедничката судбина.
„Залудна е мојата лична среќа ако мојот сосед е несреќен. Залудно е ако јас сум задоволен, а сите околу нас се соочуваат со проблеми. Или ќе не биде сега и овде или нема шанси повеќе. А јас ви велам – ќе не биде, мора да не биде“кажа тој.
За таа цел, посочи дека го дава секој атом од енергијата, бидејќи не ја презел одговорниста да ја води државата да направи богатство или име.
„Дојдов за да оставам трага за мојот народ и да создадеме заедно иднина за моите и за сите наши деца. И од првиот ден кога ја имам одговорноста да ја водам државата, до ден денес не заборавам силно и отовреено да го погледнам народот, да ги стиснам дланките што даваат многу за државата. Тие измачени дланки се она што сме ние. Тие не хранат и го носат товарот од кој сите ние мора да понесеме дел. И тука мора да даваме. Нашата таковина има иднина и сите ние морам да придонесеме. И јасно да зборуваме за работите што се закана за нашето општество“вели Мицкоски.
Во обраќањето рече дека сака да говори за големата слика, надвор од дневните партиски препукувања, кои зборуваат за очајната состојба во која се наоѓаат одредени партиски структури, што не умеат да излезат од својата безидејност.
„Може ние да се расправаме за патишта, клучки, даноци, плати, пензии, но залудно е ако сме помалку луѓе, а наталитетот е во рецесија. Залудни се сите наши грижи и борби ако за 70 или 100 години народот ни се преполови, игралиштата останат празни, клупите без ученици. Ние не сме многуброен народ, а прашањето за наталитетот е прашање за нашата егзистенција како народ и држава“рече тој.
На крајот од обраќањето, Мицкоски рече дека независноста не е само потпис и хартија, таа е жртва, таа е борба, таа е љубов кон оваа света земја, таа е аманет од нашите предци, но и завет пред идните генеерации да се обединиме.