Ќе падне ли предметот за „Организаторите на 27 април“, обвинителството бара амнестијата да важи и за Јанакиески, Вељаноски и Ристовски?

Обраната во случајот „ Организаторите на 27 април“ денеска проглaси победа за случајот, кој е во судска постапка пред Кривичниот суд, бидејќи Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција вчера доставило мислење до судот дека со Законот за амнестија треба да бидат опфатени обвинетите Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Трајко Вељаноски. Сега на судот останува да се произнесе за тоа дали за овие обвинети важи Законот за амнестија.

-Обвинителството достави мислење до судот дека во конкретниот случај постои правна пречка за поднесување на обвинение за што треба да се донесат решенија за запирање на постапката. Јасно и прецизно посочуваат дека има правна пречка за таа постапка да може да се води поради примена на законот за амнестија примената, вели Еленко Миланов, адвокат на Миле Јанакиески во овој предмет.

Од Кривичниот суд за „Фокус“ појаснуваат дека Обвинителството доставило мислење дека амнестијата треба да важи за обвинетите Миле Јанакиески, Трајко Вељаноски и Спиро Ристовски, но не и за екс директорот на УБК Владимир Атанасовски. Поради новонастанатата ситуација, следното рочиште е закажано за 23 јануари, кога судијата Илија Трпков ќе треба да се произнесе.

Овој предмет веќе еднаш заврши со осудителна пресуда, која падна на Апелација, односно второстепениот суд го врати случајот на повторно судење. Едно од прашањата кое според Апелација требаше да се отвори повторно беше селективната амнестија, со која беа амнестирани дел од обвинетите за првиот предмет за „27 април”.

Повеќе

Back to top button
Close