Ејпл отвора околу сто свои продавници во САД

– Компанијата  „Ејпл“ денеска најави отворање на околу 100 свои продавници во САД.

По прогласувањето на пандемијата на коронавирус, раководството на „Ејпл“ нареди затворање на своите продавници низ целиот свет.

На почетокот на мај, во зависност од епидемиолошката состојба, „Ејпл“ почна да отвора продавници во Соединетите Американски Држави, прво во Алјаска, Ајдахо и Алабама.

Според новововедените процедури за безбедност, пред да влезат во продавница, се мери температурата на вработените и клиентите, кои се должни да носат заштитни маски обезбедени од компанијата во случај клиентот да нема и да го одржуваат пропишаното растојание.

Back to top button
Close