Ќе почнеме серијал со обвинители и судии како обвинувале и суделе. Мицковски најавува „војна“ оти „кодошеле “ во Брисел

„Ќе почнеме еден цел серијал како суделе поедини судии и како обвинувале поедини одредени обвинители. Јавноста нека суди дали тие заслужуваат да одат и да кодошат таму во Брисел и каде одат дека Владата не им ги зголемува платите. И тие во Брисел нека судат дали овие луѓе што се генератори на корупцијата во државата, дали ја заслужуваат оваа плата. Ние како Влада сме избрани 15 месеци и нема ниту еден скандал. Тоа е владеење на право“, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски запрашан за платите на судиите и обвинителите.

Според него, јавноста нека суди дали 1,5% од БДП треба да има буџет за платите на судиите и обвинителите. Мицкоски не очекува од „тие кои што ги поставиле ваквите судии и обвинители да имаат поинаков став од тој што го имаат – заштитнички“.

Премиерот вели дека „политичарите од Мала Речица и Бихаќка“ ги бранат.

-Тие се нивниот последен бастион за одбрана од криминалот и корупцијата во минатото. Свесни се и исплашени дека оној шверцерски закон со европско знаменце не е доволен за да се спасат. Со овие судии и обвинители, неколкумина, се последен бастион во одбрана на претходната влада. Мора да имаме судии кои што судат и обвинители кои што обвинуваат според закон и Устав, додаде Мицкоски.

Back to top button
Close