Ќе поевтини ли храната после Велигден?

Утре Владата треба да одлучи каков ќе биде новиот пакет мерки за да се намалат цените на храната во маркетите, откако Министерството за економија изготви анализа за поскапувањето. Владата треба да одлучи дали ќе се ограничат маржите и дали ќе се намали данокот на додадена вредност на храната. Во меѓувреме цената на нафтата се искачи на рекорд откако викендов не беше постигнат договор меѓу САД и Иран.
Министерството за економија откако доби извештај од Државниот пазарен инспекторат изготви анализа која ќе биде база за одлуката на владата. Цените на основните прехранбени производи пораснаа во пресрет на велигденските празници. Пазарната инспекција изминатиов пеериод направи контроли на 800 продажни места за цените на храната, хигиенските средства, храната за бебиња и другите производи. Пред Велигден поскапеа јајцата, маслото за јадење и лебот. Највисоки се цените на овошјето и зеленчукот.






