Ќе поскапат ли одморите во Грција?
Данокот за надминување на последиците од климатската криза во туризмот, кој е на сила од почетокот на годинава во Грција, ја заменува досега постоечката туристичка такса.
Ова во интервју за БТА го објасни министерката за туризам на Грција, Олга Кефалојани, запрашана да коментира дали новиот данок ќе ги зголеми цените на одморите во Грција. Кефалоани информираше дека се работи за такса, која ќе биде во износ од 1,50 евра дневно за соба во хотелите од попопуларните категории, за собите за издавање и за имотите со краткорочно изнајмување.
Нејзината сума може да достигне и до 10 евра, но тоа важи за луксузни сместувања, поточно хотели со пет ѕвезди и приватни куќи. Надоместокот е повеќе од двојно повисок во текот на зимските месеци.
Грчката министерка рече дека целта на мерката е туристите да учествуваат во заштитата на туристичките дестинации од климатската криза и во нивниот генерален развој.
…