Ќе посветиме повеќе внимание на учебниците, вели историчарот Ѓоргиев

Претседателот на македонскиот тим во заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања, Драги Ѓоргиев, во разговор за ТВ Сител рече дека е невозможно да се среќаваат еднаш месечно со бугарските членови на Мешовитата историска комисија и оти во сегашната динамика, остануваме на само пет или шест средби годишно.

Историчарот се надева дека се ова што се случува меѓу Македонија и Бугарија во последните две недели ќе ја дефокусира јавноста од работата на Историската комисија.

Ќе се очекуваат резултати и од работните групи, а не само од историчарите. Политиката мора да направи атмосфера за работата на Комисијата, рече Ѓоргиев.

Тој посочува дека се во фаза на именување на нов член во Мешовитата историска комисија.

-Неколку колеги се во игра за избор. Министерот Османи нема да се меша во изборот. Ние лично го предложуваме до Владата, информира Ѓоргиев и додава дека на следната средба со нивните колеги останува да посветат повеќе внимание на учебниците, а чествувањата да останат на страна.

-Во тој правец беше разговорот со колегата Димитров, додаде Ѓоргиев.

Back to top button
Close