Ќе се догради споменикот на Мајка Тереза за кој работната група рече ја загрозува безбедноста –  наместо да се урне ќе има конкурс за нов изглед

Власта на СДСМ ќе го доградува таканаречениот споменик на Мајка Тереза кој е дивоградба, се наоѓа среде улица, го блокира влезот на Плоштадот Македонија  и прекршува низа закони, пренесе СДК.

На прашање на порталот до министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска што се планира со споменикот кој власта од која сега таа е дел 5 години не го чепка, а кога беше опозиција остро го критикуваше, рече дека тој нема да се урива туку единствено решение е да се догради според идеја на стручната јавност.

„Ќе се распише конкурс на кој архитектите ќе можат да предложат решение како тој дел да се уреди и колку што може да се спаси просторот“, рече Костадиновска-Стојчевска не прецизирајќи кога точно ќе биде распишан конкурсот.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close