Ќе се формира ад-хок тело како привремено решение до носењето на нов закон за здруженија и фондации

Членовите на Владата, на предлог на Министерството за правда, денеска на редовната седница ја усвоија информацијата за иницирање меѓуресорско ад-хок тело како привремено решение до донесување на нов закон за здруженија и фондации.

– Со оглед на тоа што Министерството за правда не води регистар на историски личности постои потребата од преодно решение за барањата поднесени од страна на здруженијата кои во името имаат историска личност и формираното тело ќе дава мислење за карактерот на историските личности, односно на начинот на кој ќе се формираат, со цел да се избегне злоупотреба на одредени личности кои имаат негативен контекст низ различни историски епохи, информира владината прес-служба.

Back to top button
Close