Ќе се гради ли гасната централа во Македонија? Инвеститорот, близок до Орбан, ја напуштил Унгарија и се сели во Дубаи

 

Идниот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, повторно ги повика олигарсите собрани околу Виктор Орбан и рече дека има сигурни информации дека тие ја напуштаат земјата.

Маѓар, коментирајќи на социјалната мрежа X за ситуацијата во Унгарија, рече дека олигарсите ги преместуваат своите пари од Унгарија во други земји.

„Олигарси поврзани со Орбан префрлаат десетици милијарди форинти во Обединетите Арапски Емирати, Соединетите Американски Држави, Уругвај и други далечни земји. Свесен сум дека Унгарската национална даночна и царинска администрација (НАВ), врз основа на банкарски извештаи, суспендираше неколку трансфери со голема вредност поврзани со кругот на Антал Рохан поради сомневање за перење пари. Го повикувам раководството на НАВ веднаш да ги замрзне овие украдени средства“, рече Маѓар.

Тој ги повика обвинителството и полицијата да дејствуваат. Маѓар, исто така, нагласи како богатите Унгарци ги продаваат и своите акции во медиумските куќи.

Маѓар го повика и долгогодишниот пријател на Орбан и најбогатиот човек во Унгарија, Лоринц Месарош.

„Исто така, бев информиран дека неколку олигарси веќе ја напуштиле земјата и дека се очекува семејството Месарош да отпатува за Дубаи во наредните денови. Според извештаите, неколку влијателни олигарси веќе ги повлекле своите деца од училиште и организираат сигурен безбедносен персонал за нивното заминување“, заклучи Маѓар.

Orbán-linked oligarchs are transferring tens of billions of forints to the United Arab Emirates, the United States, Uruguay, and other distant countries.

I am aware that Hungary’s National Tax and Customs Administration (NAV), based on reports from banks, has suspended several…

— Magyar Péter (Ne féljetek) (@magyarpeterMP) April 25, 2026

Лоринц Месарош е најблискиот пријател на досегашниот премиер на Унгарина, Виктор Орбан и токму преку неговите фирми требаше да инвестира во енергетскиот сектор во Македонија.

Во годишниот план за за изградба на енергетски објекти за 2026 година донесен од Владата стои дека ќе се гради и една Когенеративна гасна централа со моќноат од 495 мегавати вредна 445.500.000 евра. Фирмата која аплицирала е „Статус Енерџи ДОО Скопје“ и таа ќе гради во вардарскиот регион.

Оваа фирма, неофицијално ќе биде ќерка на унгарската компанија со исто име „Status Energy KFT“. Оваа фирма е унгарска компанија која се занимава со производство на енергија од необновливи извори, регистрирана во Будимпешта како инвестициско друштво во енергетскиот сектор и дел од структурата на „Status Energy Private Equity Fund“.

Оваа фирма во 2019 година преку партнерство со швајцарската „MET Group“ влезе во сопственичката структура на „TIGÁZ Zrt“., најголемиот дистрибутер на природен гас во Унгарија.

„Status Energy“ стекна индиректен удел од околу 49,6 проценти во TIGÁZ, додека оперативната контрола ја задржа „MET Group“. Во 2021 година, MET се повлече од проектот, а сопственоста премина на унгарската група „OPUS Global“, компанија контролирана од Лоринц Месарош, еден од најбогатите луѓе во Унгарија, бизнисмен близок до премиерот Виктор Орбан.

Извршен директор на Ststus Energy е д-р Габриела Гомбаи, која е близок соработник на Месарош.

Истовремено, партнерството со MET Group ја поврзува Status Energy со унгарскиот бизнисмен Бенјамин Лакатош, основач и сопственик на MET Group, кој важи за еден од клучните приватни играчи во унгарскиот гасен сектор, а од неодамна присутен и на Балканот со учество на пазарите во Албанија и Македонија.

MET Group од минатиот ноември е нов учесник на домашната берза на електрична енергија, МЕМО. MET Group е европска енергетска компанија со седиште во Швајцарија, активна на пазарите со природен гас и електрична енергија. Компанијата е присутна во 21 држава преку свои подружници, учествува на 33 национални пазари на природен гас, и оперира на 44 меѓународни трговски пазари.

Подружница на MET Group во Македонија е МЕТ Енерџи ДООЕЛ СКопје и со неа раководи извесен Далибор Стојевски. МЕТ Енерџи ДООЕЛ од 12 мај 2025 година поседува лиценца за трговија со природен гас издадена од Регулаторната комисија за енергетика.

Во Македонија единствена гасна централа е ТЕ-ТО која е во приватна сопственост.

Back to top button
Close