Ќе се одземаат лиценци на бензиски ако точат неквалитетни горива

Премиерот Зоран Заев, во врска со контролите на бензиските станици во земјава за неквалитетни горива и дали има затворено бензиски станици, денеска рече дека прелиминарниот извештај поминал на Влада, а во вторник ќе го имаат и комплетниот сублимат каде што ќе има и санкции од страна на Државниот пазарен инспекторат, а ќе има и препораки до Регулаторна комисија за енергетика за одземање лиценци или слично.

– Тоа се дејствијата. Веќе е соопштено во јавноста каде е надминат процентот на вода, на пепел, немаат доволно петдневни резерви како што е пропишано по Законот и по Правилникот и соодветно сите институции ќе си носат одлуки, но не треба да застанеме тука – рече Заев.

Тој вели дека контролите ќе продолжат и ќе се проверува дали се почитуваат сите стандарди.

Back to top button
Close