Ќе се прави модификација и на составот на заедничката комисија со Грција, велат извори од МНР

Во следните неколку недели ќе се прави модификација и на составот на заедничката комисија со Грција, чие формирање беше предвидено со Договорот од Преспа, велат извори од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР). Оттаму информираат дека на претстојното Генерално собрание на Обединетите нации, кое ќе се одржи следната недела во Њујорк, предвидена е билатерална средба меѓу шефовите на дипломатите на Северна Македонија и на Грција, односно меѓу Тимчо Муцунски и Јоргос Герапетритис.

Извори од МНР велат и дека шефот на дипломатијата и премиерот оваа недела во Брисел ќе имаат средби со лидери од регионот, но ќе остварат и билатерални средби со високи претставници на ЕУ, на кои ќе ги презентираат „нашите клучни аргументи од гледна точка на стратешка определба на Владата“.

Инаку, Владата минатата недела го смени составот на Комисијата за историски прашања со Бугарија.

Владата го избра новиот состав на Комисијата за историски прашања со Бугарија – за претседател е назначен Ванчо Ѓорѓиев

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на прашањето за тоа кога ќе продолжат разговорите со бугарските историчари, рече дека очекува во духот на пријателство и добрососедството објективно да се преговара и договара.

„Тоа се процеси што траат со децении. Имавме такви примери во Европа, така што секое избрзано решение произведува избрзани одлуки, а тоа избрзани одлуки можат да бидат погрешни. Затоа очекувам во еден добрососедски дух членовите на комисиите од двете страни да разговараат“,

Како што велат изворите од МНР, една од работите на кои ќе се фокусира дипломатијата во наредниот период е да се убедат другите земји членки на ЕУ дека земјава во изминатите 30 години направила многу отстапки и дека сега не е уверена дека и по евентуалните уставни измени кои ги бара Бугарија ќе нема нови отстапки.

Back to top button
Close