Ќе се разрешува Љупчо Коцевски: Владата го проследи предлогот во Собранието
Владата го усвои предлогот за разрешување на актуелниот Републички јавен обвинител, Љупчо Коцевски, објави денеска на прес-конференција портпаролката Марија Митева.

Како што објасни Митева, целта на овој потег е „јакнење на правната држава и непречено функционирање на органите на прогонот“.
Владата, по добиено мислење од Советот на јавни обвинители, му предлага на Собранието да го разреши Коцевски поради следниве сериозни наводи:
Крупни пропусти во работењето и раководењето со Јавното обвинителство.
Неовластено изнесување на информации.
Повреди на тајноста на постапката.
Нарушување на угледот на ЈО и неговиот личен углед.






