Ќе те убијам“: Вака ѝ се заканувало семејството на 2-годишното дете кое почина, на докторка во Градска болница
Една од докторките што биле на смена во Универзитетската клиника по хируршки болести Св.Наум Охридски и која прва го примила 2-годишното дете со заскитан метален фрагмент во главата на новогодишната ноќ, кое подоцна почина во Клинички центар, добила закани по живот од членови на семејството, тврдат за „Слободен печат“ сведоци на инцидентот и вработени во болницата.

Сепак, настанот не го пријавиле во полиција, затоа што како што велат ова за нив е „добар ден“ – речиси секој ден здравствените работници во оваа и други болници во државата се изложени на навреди, закани, физички напади, пцовки и притисоци особено кога се работи за здравствени ситуации кои се животозагрозувачки и стресни.
…
Повеќе






