ЕАСА: Земјите-членки формално да забранат прелети над Белорусија

Европската агенција за безбедност на воздушниот сообраќај (ЕАСА) денеска повторно издаде насоки за користење на воздушниот простор на Белорусија, апелирајќи до земјите-членки на ЕАСА формално да им забранат на своите авиокомпании прелети над Белорусија.

Во билтенот со информации за безбедноста издаден од ЕАСА им се препорачува на операторите да го избегнуваат воздушниот простор на Белорусија по инцидентот на 23 мај.

– Националните власти треба да им кажат на авиооператорите дека не се дозволени прелети над Белорусија, освен ако е неопходно во непредвидени околности, се наведува во директивата на ЕАСА.

ЕАСА наведува дека се уште има оператори кои прелетуваат над Белорусија.

На 23 мај авион на Рајанер, што сообраќаше од Атина за Вилнус, принудно слета во Минск по дојава за поставена бомба. По слетувањето беше уапсен белорускиот новинар Роман Проташевич и неговата девојка, која е државјанка на Русија.

Back to top button
Close