ЕБОР ја чека Арсовска да објасни што планира со проектот „автобуско метро“

Слушнале за најавата од градоначланичката Арсовка, но за да се изјаснат за ова, треба, како што велат, подобро ги разберат намерите на новата градска администрација.

Планот на Арсовска е да побара од ЕБОР да ги пренамени 70 милиони евра кои ги обезбеди владата за овој проект, но сепак според одговорот на банката, Скопје ќе остане без овие средства.

-Проектите на ЕБОР се одобрени од нашиот менаџмент и Бордот на директори, после детална проценка на самиот проект, како за специфичната потреба на средства кои ги обезбедуваме. Ова значи дека средствата на ЕБОР треба да се користат за специфичен проект, за кој е одобрена имплементација.До сега вложивме голем труд во овој проект, работиме на него две години, а истото го сторија и македонските власти, како на централно, така на локално ниво. Ова е првиот БРТ проект во регионот, кој го прави Скопје поинакво од другите главни градови, привлекува големо внимание и признанија.

БРТ системот е веќе длабоко навлезен во имплементација. Во моментов во тек се две паралелни постапки за јавни набавки, велат од ЕБОР. За првата траса од Ѓорче Петров до Ново лисиче веќе процесот за избор на изведувач е веќе започнат, а за втората траса се бираат консултанти.

Арсовска денеска се појави на конститутивната седница на Советот на Град Скопје, но не даваше изјави за медиумите… Новоизбраните советниците, пак, се со поделени мислења за проектот автонуско метро..

На денешната конситутивна седница, за нов претседавач на градскиот совет, беше избран Трајко Славески, кој што беше носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, која во следните 4 години ќе го има мнозинството..

извор: Канал 5

Back to top button
Close