ЕБОР ја одобри новата петгодишна стратегија за Северна Македонија
Бордот на Директори на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја одобри новата Стратегија за Северна Македонија за следните пет години (2025-2030).
Канцеларијата на ЕБОР во Скопје денеска соопшти дека стратегијата се фокусира на стратешките приоритети на земјата: Зајакнување на регионалната интеграција преку поврзување и зајакнување на поврзаноста на ланецот на вредности, Забрзување на транзицијата кон зелена и одржлива иднина и Поддршка на поконкурентна, инклузивна и добро-управувана економија
Фатих Туркменоглу, претставник на ЕБОР за Северна Македонија, истакнува дека новата Стратегија ја определува јасната и амбициозна визија на ЕБОР во следниве пет години, фокусирајќи се на продлабочување на регионалната интеграција, забрзување на зелената интеграција, и градење на поконкурентна, инклузивна и добро-управувана економија.
– Преку инвестирање во отпорна инфраструктура и поддршка на развојот на ланецот на вредности, се стремиме да ѝ помогнеме на земјата да ја зајакне улогата во регионалната економија. Во исто време, нашата определба за декарбонизација и одржливи јавни услуги ќе го поддржи патот на земјата кон позелена иднина. Ќе продолжиме да го промовираме растот на приватниот сектор, демографијата, ќе го подобриме владеењето и ќе ја зајакнеме економската инклузија, особено за жените, младите и помалку застапените групи. Со силно локално партнерство и заедничка реформска агенда, уверен сум дека Северна Македонија е добро позиционирана да го отклучи целосниот потенцијал и да постигне уште подраматичен и инклузивен раст во годините кои следат, вели Туркменоглу.
ЕБОР е водечки инвестициски инвеститор во Северна Македонија и има инвестирано над ЕУР 2,9 милијарди во 198 проекти.