Еден активен и еден под контрола меѓу 13 пожари на отворен простор во државата

На територијата на државата до 20:00 часот денеска се евидентирани вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, еден е ставен под контрола, а 11 се целосно изгаснати.
Како што соопштваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), активен пожар има во општина Бутел и во Визбегово каде гори депонија, додека пак пожарот на градската депонија во Демир Хисар е ставен под контрола.
Изгаснати се 11 пожари на различни локации во државата. Целосно се изгаснати пожарите во Општина Бутел на Љуботенски пат, во Општина Зелениково на патот кон Страхојадица, во Општина Гази Баба во село Булачани, во Општина Петровец во село Средно Коњаре, во Општина Карпош во Бардовци, во Општина Прилеп во село Лениште, во Општина Охрид кај Кадмо плажа, во Општина Градско пред патарината, во Општина Штип во населбата Насеље, во Општина Липково на Слупчански пат и во Општина Ранковце во село Псача.
Кај овие пожари горела ниска вегетација, сува трева и трње, запалено дрво и отпад.






