Еден од повредените во „Пулс“ е во тешка состојба, вкупно 12 се уште во болница

Директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски рече дека уште 12 повредени во „Пулс“ и натаму се лекуваат во болница, а седум од нив се во странство. Од повредените кои се во болници, еден е во тешка состојба.

„На преврски и слични третмани имаме 38 повредени, четворица во ‘8 септември’, 26 се во ‘св. Наум Охридски’. Пет се во Кочани и тројца се во Систина. На физичална терапија се 46 лица, од кои, сите се во Кочани, можно е едно лице да е во ‘8 септември’. Третманот со ПРТ (плазма со тромбоцити или без тромбоцити) се прави кај 16 повредени и тој е супериорен третман за намалување на лузните од изгорениците. Ги повикувам сите повредени кои имаат дилема, страв, да се обратат во ‘св. Наум Охридски’ или во Клиниката за пластичка хирургија“, рече директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски.

Тој рече дека пациент со тешки изгореници, по еден месец имал значително подобрување на состојбата со третманот со плазма

Back to top button
Close