Еден потврден случај на шуга во основно училиште во кумановското село Романовце

На терен денеска увид направија и екипи од Центарот за јавно здравје. Семејството на едниот ученик доставило потврда од лекар до училиштето. Во изолација е и сестрата на првоодделенецот. Останатите два случаи се сомнителни, а директорот усно бил информиран и двата ученика се во изолација. Училиштето презело повеќе мерки меѓу кои и дезинфекција

– Само за еден случај имаме потврда дека има, а за другите ученици имаме усна информација. Тие деца седат дома. Едната е сестра на ученикот за кој имаме потврда. Тој ученик што е излолиран не доаѓа од петокот, и заедно со семејството се во изолација до 22 февруари. Едната ученичка (трето одделение) е сестра на тој ученик (прво одделение) со потврда е тој изолиран, целата фамилија се во изолација. За останатите само вака усно знаеме дека има нешто, меѓутоа немаме официјална потврда – изјави директорот на „Кирил и Методиј“, Скендер Рушити.

Сите училници и простории се исчистени и дезинфицирани за време на викендот. Денеска епидемиолошката служба достави и дополнителни средства за дезинфекција. Од Центарот за јавно здравје најавија повеќе детали по завршување на увидот, пренесе Слободен печат.

Back to top button
Close