Еден штипјанец и двајца кочанци споведени во државен карантин поради непочитување на мерките за изолација

 Еден штипјанец и двајца жители на Кочани се спроведени во државен карантин во Скопје, бидејќи не ја почитивале мерката за изолација и самоизолација.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панјотова информира дека од страна на полициски службеници од Полициската станица Кочани, поради непочитување на мерките на Владата за превенција и заштита од прогласената пандемија на коронавирус, како што се здравствен надзор и домашна изолација во траење од 14 дена извршен е спровод на 54 годишниот С.А. од Кочани и 22 годишниот О.У.од Штип до Скопје во објект за државен карантин.

По вчерашниот случај на заразен лекар во Итната медицинска помош денеска бројот на заразени во оваа здравствена служба е зголем за уште еден вработен, останатите петмина вработени кои биле во неделата на смена со лекарот остануваат во самоизолација и денеска веќе им се земени брисеви.

Директорката на Центарот за јавно здравје, Маријa Димитрова за МИА вели дека епидемиолозите земале и брисеви и од шестмината здравствени работници од одделот за неонатологија, акушерство и гинекологија, кои исто така се во изолација по позитивниот тест на медицинска сестра.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека во болницата се лекуваат 19 пациенти од коронавирусот, а двајца се сомнителни и ги чекаат резулатите. Пациентите се со лесна, средна, а во тешка состојба е 80 годишен пациент.

Утринава на помош на здравствените работници во болницата „8 Септември“ заминаа и три медицински сестри од Одделениијата за очно, интерно и ушно од Клиничка болница-Штип.

Back to top button
Close