Еден ученик загина, а тројца се тешко повредени во напад со нож во училиште во францускиот град Нант

Ученик загина и уште тројца се тешко повредени во напад со нож во училиште во западниот француски град Нант, соопшти полицијата.

Според полициски извори, четири лица биле избодени со нож од ученик во приватното средното училиште „Нотр-Дам-де-Тут-Аидс“ во Дулон. Мотивот за нападот не е веднаш јасен.

Напаѓачот кој бил на возраст од 15 години, бил уапсен на местото на настанот откако претходно го совалдал наставник. Околу пладне напаѓачот влегол во две различни училници и избодел најмалку четворица ученици.

Повредените се во тешка состојба, јавија француските медиуми.Портпаролот на полицијата изјави дека нема индикации за терористички мотив.

Back to top button
Close