Еден војник загина, а еден е потешко повреден при гаснење пожар во Црна Гора

Црногорски војник (41) загина, а друг е тешко повреден при гаснење пожар во реонот на Кучи, на југот на земјата, кога се преврте воена цистерна со вода, јави порталот „Вијести“. Повредениот е пренесен во Клиничкиот центар на Црна Гора.

Министерството за одбрана потврди дека, во координација со надлежните органи, се спроведува истрага за причините и околностите на несреќата.

Инаку, пожари сè уште се активни на повеќе локации – Подгорица, Бар, Будва, Бијело Поље, Никшиќ и Шавник. Во Буљарица се загрозени две куќи.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Миодраг Бешовиќ, потсети дека е побарана помош од Механизмот на ЕУ за цивилна заштита и од Евроатлантскиот координациски центар на НАТО. Н1 јавува дека противпожарен авион од Хрватска веќе пристигнал и ќе гаси пожари во Чањ и Буљарица.

Back to top button
Close