Еден загинат, 19 повредени во пожар во дом за стари лица во Шпанија
Еден 93-годишен маж загина, а 19 лица се повредени во пожар што избувнал во дом за стари лица во шпанскиот град Сарагоса, во автономната област Арагон.
Пожарот започнал во спална просторија на приземјето околу 23:00 часот по локално време, соопшти локалната служба за итна помош преку социјалната мрежа Икс.
Мажот починал во установата, а повредените, кои се наголтале чад, се хоспитализирани.
Домот моментално е населен со 132 лица. Службите за итна помош и жителите на соседството заеднички помогнале во евакуацијата на старите лица од објектот зафатен од пожар.
Полицијата спроведува истрага за причините за пожарот, а во локалните медиуми се споменува можноста дека дошло до експлозија на боца со кислород