Еден загинат, петмина се водат како исчезнати по уривањето во голем чилеански рудник за бакар

Еден рудар загина, а петмина други се заробени под земја по уривањето во рудник за бакар во Чиле, најголемото подземно наоѓалиште на бакар во светот.

Девет други рударски работници се повредени, соопшти вчера Националната корпорација за бакар на Чиле, позната како Коделко, нарекувајќи го инцидентот резултат на „сеизмички настан“.

Геолошкиот завод на САД пријави земјотрес со јачина од пет степени во централниот чилеански регион каде што се наоѓа рудникот Ел Тениенте на Коделко. Компанијата соопшти дека земјотресот бил со јачина од 4,2 степени.

Властите изјавија дека сè уште истражуваат дали земјотресот бил природен земјотрес или бил предизвикан од рударски операции. Чилеанските обвинители, исто така, отворија кривична истрага за да утврдат дали се прекршени некои безбедносни стандарди.

Немало контакт со петте рудари под земја и не е јасно дали се живи. Компанијата работи на организирање на спасувачка операција.

-Вложуваме максимални напори да се обидеме да ги спасиме овие петмина рудари, рече Андрес Музике, генерален директор на „Ел Тениенте“, опишувајќи ја спасувачката операција во која учествуваа 100 експерти, вклучувајќи и некои кои учествуваа во драматичното спасување во 2010 година на 33 заробени рудари во северно Чиле, кои беа извлечени на површината по 69 дена под земја.

-Следните 48 часа се критични, рече генералниот директор на рудникот.

Компанијата „Коделко“ ги прекина операциите во областа на рудникот погодена од уривањето и евакуираше 3.000 луѓе.

Back to top button
Close